fbpx

Нови цени на горивата: Еуросупер БС-95 скокна на 109 денари за литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 отсто во однос на одлуката од 2.06.2022 година, информираат од Комисијата.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 2 денари за литар, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 2,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3 денари за литар.

Од ноќеска максималната цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 109 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 111,50 денари за литар, додека дизелот ќе чини 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло ќе чини 98,50 денари за литар.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,105 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497 отсто, кај дизелот за 1,882 отсто, кај екстра лесното масло за 4,473 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,095 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...