Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.

Регистрирани се 711 оздравени пациенти од: Скопје – 264, Прилеп – 72, Тетово – 44, Охрид – 40, Гостивар – 33, Куманово и Битола – по 32, Велес – 29, Струга – 26, Струмица – 23, Штип и Крива Паланка – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Берово – 13, Крушево и Богданци – по 6, Кичево, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Кавадарци, Ресен, Валандово и Пехчево – по 2, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Пријавено е вкупно 21 починато лице, на возраст од 50 – 90 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.