fbpx

Нови 949 ковид-позитивни од 3.610 тестирања, 737 оздравени и 33 починати лица

-

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, Струмица и Кочани – по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11, Ресен и Радовиш – по 10, Делчево и Виница – по 9, Неготино, Берово и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци – 5, Дебар и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Крушево и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 737 оздравени пациенти од: Скопје – 380, Прилеп – 42, Велес – 39, Куманово – 32, Кавадарци – 26, Битола – 25, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Тетово – 20, Штип и Крушево – по 16, Неготино – 13, Кочани и Струмица – по 11, Радовиш и Делчево – по 7, Демир Капија – 6, Берово, Кичево и Македонски Брод – по 5, Ресен и Виница – по 4, Богданци, Пробиштип и Пехчево – по 3, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка и Дојран – по 2, Валандово и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 11 од Скопје (54г, 67г , 68г, 70г, 71г, 72г ,72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г).Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...