Фото: Мета.мк

Според информациите од Институтот за јавно здравје што ги соопшти Министерството за здравство, во изминативе 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на заразеност со корона вирусот.

Од нив, речиси половината се во Скопје – 424, потоа следува Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по 1.

Регистрирани се и 397 оздравени пациенти од ковид-19.

Во изминативе 24 часа, пријавени се вкупно 15 починати лица.

Починати се 5 пациенти од Скопје (86 г, 81 г, 72г, 71 г, 64 г), по 2 пациенти од Тетово (72 г, 59 г) и Охрид (78 г, 57 г), и по 1 пациент од Прилеп (80 г), Куманово (71 г), Штип (64 г), Кавадарци (65 г), Битола (73 г) и Неготино (74 г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.