Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-3, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-3, Велес-4, Битола-5, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-2, Крива Паланка-1, Делчево-1, Кратово-1, Ресен-1, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од: Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33,  Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.

Починати се 11 лица, двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.), од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.804, бројката на оздравени пациенти е 59.650, на починати е 2.456, а бројот на активни случаи изнесува 19.698.