Во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека починати се 22 пациенти, од кои 10 се од Скопје (71г, 64г, 79г, 84г, 32г, 73г, 81г, 67г и два случаи по 65г), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68г и 70г) и од Прилеп (66г и 85г) и по еден смртен случај од Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.

Регистрирани се 1.440 оздравени пациенти од: Скопје – 798, Кавадарци – 76, Струмица – 71, Тетово – 67, Куманово – 56, Гостивар – 47, Велес -34, Прилеп -32, Неготино – 27, Битола – 26, Делчево – 25, Охрид и Гевгелија по 22, Кичево и Ресен по 18, Кочани – 15, Штип – 14, Струга -12, Свети Николе -10, Богданци и Македонска Каменица по 9, Дебар и Радовиш по 6, Берово -5, Демир Капија -4, Крива Паланка , Виница ,Валандово и Дојран по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, а оздравеа 85.439 пациенти. Починати се 2.946 лица, а бројот на активни случаи достигна 6.486.

Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на корона вирус.