Фото: Арбнора Мемети

Во последното деноноќие се направени 3.144 тестирања, а се регистрирани 726 нови случаи на ковид-19, информира Министерстворто за здравство, според добиените податоци од Институтот за јавно здравје. Новите заболени се: Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.

Има 368 оздравени пациенти од: Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица, по 2 пациента од Скопје (77г,74г) и од Кичево (71г, 51г) , и по еден пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г). Шест од нив се починати во болнички услови, а еден во домашни.

Во последното деноноќие најмногу случаи на заболени со корона вирус повторно се евидентирани во Скопје 367, а активни има 3.930 лица. Потоа е Куманово, со 34 заболени и 312 активни и Тетово со 17 нови болни од ковид-19 и 300 активни случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, на оздравени пациенти е 91.875, на починати 3.151, а има вкупно активни случаи 8.720.