fbpx

Нови 72 случаи на ковид-19, оздравени се 54 пациенти, починаа 3 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3 и Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравени пациенти од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3 и Кичево-2.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г), сите починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.293, на оздравени пациенти е 12.754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.905. Вкупно досега се направени 160.180 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, вкупно се хоспитализирани 87, на кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти, додека на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола има на лекување 14, а во болницата во Штип 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...