Од вкупно 70 нови позитивни случаи на ковид-19, 51 се регистрирани во Скопје, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје кои се однесуваат на изминатите 24 часа. Од вкупо 629 направени тестови и 70 позитивни, регистрирани се 18 реинфекции.
Во изминатото деноноќие оздравеле 60 пациенти, а не е регистрирано ниту едно починато лице.
Според епидемиолошки анализи, во моментов на територијата на земјава има вкупно 235 активни ковид-случаи, а од нив 235 или над 70 отсто се регистрирани во главниот град. По Скопје, најмногу заболени од ковид—19 има во Битола (19), Прилеп (18) и Куманово (12).