Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Регистрирани се 67 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа од направени 1.169 тестирања, информира Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Во: Скопе – 28, Куманово – 8, Гостивар и Охрид – по 4, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип – по 3, Струга, Кичево и Ресен – по 2, Свети Николе и Кратово по еден нов случај.

Евидентирани се 782 оздравени пациенти од: Скопје – 267, Струмица – 151, Кавадарци – 54, Прилеп – 43, Битола – 40, Куманово -29, Валандово – 23, Штип – 22, Неготино – 15, Велес и Охрид – по 14, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Виница – 11, Тетово и Гевгелија – по 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Гостивар – 7, Кичево и Пробиштип – по 5, Демир Капија – 4, Радовиш, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Богданци и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Берово, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по еден.

Пријавено е вкупно 31 починато лице: 9 од Скопје (42, 64, 68, 68, 72, 73, 77, 77, 86), 4 од Тетово (66, 73, 75, 78), 3 од Велес (64, 72, 73), по 2 починати лица од Битола (43, 68), Охрид (45, 87), Струга (54, 64) и Берово (43, 82) и по едно починато од Куманово (59), Прилеп (70), Кавадарци (82), Кочани (63), Радовиш (60), Виница (67) и Пробиштип (71). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 726.409 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169, информира Министерството за здравство.