fbpx

Нови 556 случаи на ковид-19, оздравени се 404 пациенти, починаа 22 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.

Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти од: Скопје-204, Куманово-18, Штип-9, Прилеп-33, Велес-16, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-30, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-11, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-9.

Починати се 22 лица, десет oд Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г). Од нив пет пациенти се починати вон болнички услови.

Според дистрибуцијата по градови, во Скопје има најголем број на ковид дијагностицирани, 37.326 од кои активни се 10.017, потоа е Тетово со 4.860 случаи и 715 активни и Куманово со 4.865 случаи од кои активни се 474.

Во изминатите 24 часа во лабораториите се направени 2.953 теста, а досега во земјата се направени вкупно 414.757 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.150, на оздравени пациенти е 67.164, на починати е 2.614, а бројот на активни случаи е 16.372.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...