Фото: Арбнора Мемети

Во последното деноноќие направени се 2.863 тестирања, од кои регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци – по 31, Охрид – 24, Велес – 23, Куманово – 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Оттаму соопштија дека во болнички услови починати се 9 починати лица, од кои 4 пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г).

Во изминатото деноноќие регистрирани се 407 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, а бројката на оздравени пациенти е 85.846. Починаа 2.955 лица, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 6.546. Досега во земјата се направени вкупно 474.280 тестирања за корона вирус.