Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1.

Регистрирани се 89 оздравени пациенти од:Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2, Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г, 57г, 64г, 85г, 91г, 91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.