fbpx

Нови 46 лица со Ковид-19, вкупно регистрирани 430 заразени

-

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Првиот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, а неговиот резултат на Ковид-19 сѐ уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Во изминативе 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на дијагностицирани пациенти со Ковид-19, најмногу во Куманово (23), а потоа следува Скопје (13). Во Дебар, Тетово, Велес и Гевгелија регистрирани се по 2 случаи, додека во Прилеп и Гостивар има по 1 случај на новозаболен од корона вирусот.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на корона вирусот се регистрирани во: Скопје (208), Куманово (85), Дебар (49), Прилеп (22), Штип и Тетово (15), Струга (9), Велес (8), Битола и Гевгелија (4), Охрид (3), Кавадарци, Гостивар и Крива Паланка (2) и Кочани и Струмица (1).

Меѓу новозаболените лица од Куманово, има нови потврдени случаи на здравствени работници од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче дополнително ќе информира.

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие биле направени 389 теста, од кои преку ИЈЗ – 222, преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена – 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...