Нови 449 случаи на ковид-19 во земјава, 10 лица починале во изминативе 24 часа

Фото: Арбнора Мемети

Според најновите бројки што попладнево ги соопшти Министерството за здравство, во земјава во последниве 24 часа се направени 3.283 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19.

Распределено по градови, бројките се следниве: Скопје – 170 нови случаи, Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово – по 17, Битола и Неготино – по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 4, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево – по 2, Кочани и Радовиш – по 1.

Во изминатите 23 часа регистрирани се 227 оздравени пациенти, од: Скопје – 102, Куманово – 41, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Тетово и Велес – по 8, Штип – 6, Гостивар и Кочани – по 5, Битола и Струмица – по 4, Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево – по 2, Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се трој пациенти од Скопје (83 г., 79.г., 65.г.), по еден од Тетово (72.г.), Куманово (71.г.), Прилеп (79.г.), Велес (84.г.), Охрид (58.г.), Кавадарци (65.г.) и Делчево (75.г. Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 500.551 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, а на починати е 3.047. Бројот на активни случаи изнесува 6.735.

Подолу се наведени бројките за вкупните случаи и за активните случаи, според Центри за јавно здравје или според Здравствени домови.

Скопје 43.233, активни 2.952
Куманово 5.445, активни 214
Тетово 5.338, активни 236
Прилеп 5.082, активни 474
Гостивар 3.723, активни 115
Штип 3.602, активни 95
Битола 3.357, активни 133
Велес 3.349, активни 238
Охрид 3.118, активни 392
Кавадарци 3.090, активни 466
Струмица 2.657, активни 155
Струга 2.351, активни 173
Кочани 1.782, активни 47
Кичево 1.757, активни 62
Свети Николе 1.100, активни 24
Гевгелија 1.123, активни 132
Неготино 1.102, активни 123
Дебар 787, активни 43
Ресен 791, активни 64
Крива Паланка 784 , активни 54
Радовиш 742, активни 40
Делчево 720, активни 230
Берово 634, активни 32
Пробиштип 529, активни 22
Виница 508, активни 21
Валандово 351, активни 23
Кратово 265, активни 34
Демир Хисар 257, активни 12
Македонски Брод 251, активни 7
Крушево 252, активни 51
Богданци 245, активни 21
Демир Капија 234, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 9