fbpx

Нови 383 заразени, седуммина починати и 95 оздравени во последните 24 часа

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.648 тестирања, а регистрирани се 383 нови случаи на ковид-19, односно 10 помалку од вчерашната рекордна бројка. Најголем број од нив се во Скопје – 201 нов случај. Куманово-11, Штип-21, Прилеп-20, Тетово-8, Струга-5, Велес-9, Битола-12, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-7, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-2, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од: Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.

Во болнички услови починати се седум лица, пациенти од Куманово (63 г.), Тетово (69 г.), Гевгелија (67 г.), Скопје (51 г.), Кавадарци (60 г.) и двајца пациенти од Битола (60 и 79 г.).

Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951.

Најголемиот број од активните случаи, се во Скопје – 1.743 пациенти. По општини, рекордери се Центар со 316 случаи и Аеродром со 311 случаи. Следува Карпош со 301 случај, а потоа е Кисела Вода, со 208 случаи. Чаир има 92 случаи, Гази Баба 168, Ѓорче Петров 149, Бутел – 67, Шуто Оризари 15, Студеничани 3, Сарај 16, Арачиново 4, Илинден 31, Сопиште 9, Чучер Сандево 6, Петровец 7, Зелениково 3. Странци се 14 од активните случаи, а нераспределени се 23.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...