fbpx

Нови 38 лица позитивни на Ковид-19, оздравени се 16, починаа двајца пациенти

-

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, од кои по еден во Скопје, Куманово и Битола, во Прилеп 4 и во Велес 9. Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на корона вирус.
Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи, од кои во: Скопје 24, Куманово 4, Штип 4, Тетово 3, Битола 1 и Неготино 2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 469.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и во геронтолошки установи, преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје, при што нема регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа примени се 3 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно се хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3. Во болницата во Штип се примени на лекување 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...