Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 2.291 тест за ковид-19, при што се евидентирани 350 нови случаи во земјава, има 266 оздравени пациенти, а починаа 20 лица, информира Министерството за здравство, врз база на податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје  се евидентирани нови 180 случаи, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, во Гостивар, Струмица и Делчево има по 7 ново-регистрирани, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш по 6 нови случаи, Штип и Демир Капија имаат по 5 ново-заболени, Свети Николе и Крива Паланка по 3, во Битола, Берово и Демир Хисар има по 2 нови случаја, а во Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово по еден нов случај на ковид-19.

Регистрирани се 266 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Кавадарци – 17, Куманово – 12, Велес – 11, Ресен – 8, Неготино и Штип – по 7, Прилеп – 6, Струмица и Кичево  по 5, Тетово и Кочани по 4, Гевгелија, Битола, Берово и Кратово по 3, Гостивар, Демир Капија, Дебар, Пробиштип, Виница и Богданци по 2, а Делчево, Крива Паланка, Македонски Брод и Пехчево имаат по еден оздравен пациент.

Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 12 се од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), двајца се од Струга (69,76г) и по еден починат има од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и од Радовиш (56г). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 461.850 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, на оздравени е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи во моментот изнесува 7.831.

Според завршените епидемиолошки анализи во изминатото деноноќие, во Скопје има најмногу дијагнистицирани, 40.817, од кои активни се 3.972. Потоа е Куманово со 5.233 случаи и активни 343 и Тетово со 5.147 дијагностицирани и 311 активни случаи на корона вирус.