fbpx

Нови 355 случаи на ковид-19, починале 15 лица

-

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 2.038 оздравени пациенти од: Скопје – 141, Битола – 33, Прилеп – 25, Кавадарци – 21, Велес – 18, Кочани – 14, Ресен и Валандово – по 10, Гевгелија и Делчево – по 8, Штип – 7, Берово, Крива Паланка и Демир Хисар – по 6, Струмица и Свети Николе – по 5,  Радовиш, Неготино и Тетово – по 4, Пехчево – 3, Охрид и Пробиштип – по 2, Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Направени се 2.349 тестови преку: ИЈЗ-266, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-81, Биотек-116, Систина-64, лабораторија Лаор-49, Синлаб-9, Ремедика-8, Плодност–38, Генеа-12, Никоб лаб-214, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-35, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 940.

Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...