fbpx

Нови 340 случаи на ковид-19, вкупната бројка на инфекции надмина 300.000

-

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.557 тестови за ковид-19, со што се откриени 340 нови случаи, од кои во Скопје се повеќе од половина – 198, по што следува Велес, со 21 нов случај. Од вкупниот број на позитивни (340), 56 се реинфекции, односно повторно заразени.

Со најновата статистика, во Северна Македонија е надмината бројката од 300.000 случаи, односно сега таа изнесува 300.106 позитивни случаи.

Во истиот временски период, регистрирани сe 526 оздравени пациенти и 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г., за нивната смрт била пријавена меѓу 16.02. и 04.03.2022.

Од вкупниот број починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.910.601 тестирања за ковид-19, а вкупниот број откриени случаи изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, а на починати е 9.097.

Бројот на активни случаи изнесува 2.248.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...