fbpx

Нови 336 случаи на ковид-19, оздравени 222, а починати 17 лица

-

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19: Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од: Скопје – 118, Штип – 14, Кавадарци – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Кичево – 9, Велес – 8, Кочани – 6, Гевгелија и Ресен – по 5, Кратово и Радовиш – по 4, Неготино и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2, Тетово и Делчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од  Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...