Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, од кои регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1.

Во болнички услови починати се 11 пациенти и тоа четири пациенти од Скопје (76г, 81г, 79г, 62г), по 2 пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г, 76г) и по 1 пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г).

Регистрирани се 681 оздравени пациенти од: Скопје – 271, Кавадарци – 85, Прилеп – 42, Охрид – 31, Неготино – 28, Тетово – 24, Куманово – 23, Велес – 22, Струмица – 18, Делчево – 17, Гевгелија – 14, Штип – 13, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Струга, Гостивар и Битола – по 10, Богданци – 7, Кичево – 5, Крушево и Свети Николе – по 4, Радовиш и Кратово – по 3, Дебар, Берово и Кочани – по 2, Ресен, Виница, Демир Капија и Македонски Брод – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, а бројката на оздравени пациенти е 95.410. Починаа вкупно 3.206 лица, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.

Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше за деталите во врска со предложениот полицискиот час од страна на Комисијата за заразни болести, за кој е предвидено да важи во целата земја и би започнал од среда навечер (10 март). Засега е одлучено оти ќе трае во период од две недели, вклучувајќи го и викендот во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро.