Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Во изминатите 24 часа се направени 1.258 тестирања, а се регистрирани 284 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, според податоците добиени од Институтот за јавно здравје. Во: Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.

Има 449 оздравени пациенти, од: Скопје – 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52–93 години, од кои: 8 пациенти се од Скопје, од Прилеп и Охрид има 2 починати лица и по едно починато лице биле од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.

Скопје и натаму е на врвот со најмногу заболени од ковид-19, 49.925, од кои активни се 5.646, потоа е Прилеп со 6.122 болни и активни 804 случаи и Куманово со 5.989 болни од корона вирус, од кои 395 се активни случаи.