Според најновите бројки за ковид-19 епидемијата што ги соопшти Министерството за здравство, во изминативе 24 часа во земјава се откриени 252 нови случаи на ковид-19, од направените 867 тестови.
Најголемиот дел од нив се од Скопје – 127, по што следуваат Кавадарци со 14, Куманово, Битола и Охрид со по 12 нови случаи, а во Велес се откриени 10 нови случаи. Во другите градови бројките се пониски од 10.
Од вкупниот број позитивни (252), регистрирани се 59 реинфекции.
Во изминативе 24 часа, 426 случаи се регистрирани како оздравени.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица, а согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 5 починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови, во периодот од 18.08. до 24.08.2022 година.
Досега во земјава се направени вкупно 2.147.514 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 339.492, бројот на оздравени пациенти е 327.780, на починати е 9.473, а бројот на активни случаи изнесува 2.239.