fbpx

Нови 247 случаи на инфекција со ковид-19, 15 пациенти се починати, а 321 оздравени

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-116, Куманово-4, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и Ресен-2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 321 оздравени пациенти од: Скопје-189, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-7, Кавадарци-5, Гостивар-3, Гевгелија-7, Струмица-16, Крива Паланка-6, Кочани-11, Пробиштип-2, Берово-3, Валандово-5, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-1.

Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.199, бројката на оздравени пациенти е 18.948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7.317.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...