fbpx

Нови 185 заболени од ковид-19, пријавени се 15 починати лица, од кои тројца од претходно

-

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.876 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19: Скопје – 99, Велес и Кочани – по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – 8, Куманово – 6, Охрид – 5, Струмица – 4, Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2, Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од: Скопје – 153, Охрид – 98, Струга – 73, Куманово – 28, Кочани – 19, Велес и Штип – по 18, Тетово – 17, Кичево – 14, Кавадарци – 13, Битола – 12, Струмица – 10, Свети Николе – 7, Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5, Пробиштип, Берово и Валандово – по 4, Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3, Неготино, Ресен, Дебар и Делчево  – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654, бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...