Нови 18 случаи на ковид-19, починал еден пациент

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а се регистрирани 18 нови случаи на ковид-18, од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово по еден случај.

Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш по еден оздравен.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (61), кое починало во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.