Во последните 24 часа направени се 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1, информираат од Министерство за здравство.
Оттаму додаваат дека во болнички услови починаа тројца пациенти, два од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, а бројката на оздравени пациенти е 9.030. Починаа 535, додека пак во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950 лица. Денес се евидентираат два контролни теста.