fbpx

Нови 16 оздравени, 17 заболени и двајца починати од корона вирусот

-

Во изминатото деноноќие Институтот за јавно здравје регистрирал нови 16 оздравени пациенти од новиот корона вирус, 17 новодијагностицирани и двајца починати.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје (89 години), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал и пациент од Велес (72 години) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на Ковид-19 и тоа: Во Скопје 3, Куманово2, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 2, Битола еден пациент.

Истовремено регистрирани се и 16 оздравени пациенти во: Скопје 7, Куманово 6, Прилеп 2 и во Велес еден пациент.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, а на починати е 97. Воо моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани таму се 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...