Извор на фотографија: Влада на РСМ

Во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а се регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во: Скопје – 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип – 2, Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија и во Неготино и Берово по еден.

Регистрирани се 900 оздравени пациенти од: Скопје – 363, Битола – 62, Куманово – 54, Прилеп – 51, Велес – 46, Охрид – 44, Кавадарци – 40, Струга – 32, Кочани и Гостивар – по 23, Струмица – 22, Тетово – 16, Штип – 14, Кичево и Гевгелија – по 12, Пробиштип – 11, Берово –9, Неготино, Свети Николе и Крива Паланка – по 7, Ресен, Радовиш и Богданци – по 6, Делчево – 5, Македонски Брод, Виница, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Валандово – 3, Пехчево – 2 и Крушево еден нов случај.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 14 од Скопје (46, 46 , 54, 56, 69, 70 ,77, 79, 79, 81,87, 87, 87, 89), по 3 починати лица од Битола (72,74 и 84) и Куманово (62,64 и 68), по 2 лица од Прилеп (61 и 62), Струмица (70 и 76), Штип (58, 72) и Виница (68 и 70), по едно лице од Велес (67), Охрид(83), Струга (75), Гостивар (71), Кочани (77), Кичево (70) и Неготино (69). Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на ковид-19, бројката на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.