fbpx

Нови 134 заболени од ковид-19 од 1.173 тестирања, починаа осум лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-97, Куманово-5, Прилеп-1, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Битола-1, Кавадарци-1, Крушево-2, Валандово-1, Кратово-1, Кичево-2, Ресен-7 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-23, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-2.

Починати се 8 лица, пет од Скопје, еден пациент од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г). Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем,“ соопштуваат од Министерство за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...