fbpx

Нови 109 случаи на ковид-19, 422 оздравени и еден починат пациент

-

Во изминатите 24 часа се откриени 109 случаи на ковид-19 во земјава, со што вкупната бројка на случаи од почетокот на пандемијата изнесува 11.942. Во изминатово деноноќие, од болеста починало едно лице, а 422 оздравеле, соопшти Министерството за здравство.

Во овој период, извршени се 782 тестирања. Распоредот на новите случаи по градови е следниот: Скопје 20, Куманово 16, Кавадарци 15, Штип 13, Гостивар 10, Кичево 7, Свети Николе 5, Велес 4, Тетово и Виница по 3, Охрид, Струга, Македонски Брод и Радовиш по 2 нови случаи, а по еден случај е регистриран во Прилеп, Битола, Гевгелија, Демир Хисар и Неготино.

Од вкупниот број на оздравени, односно 422 лица, најмногу се од Скопје – 173. Од Куманово 28, Штип 93, Прилеп 8, Тетово 23, Струга 36, Охрид 15, Гостивар 28, Радовиш 1, Крушево 2, Кочани 1, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Свети Николе 3, Кичево 1 и Ресен 5.

Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.942, бројката на оздравени пациенти е 8.087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.327.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...