Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.398 тестирања, а регистрирани се 1.406 нови случаи на ковид-19, од: Скопје-627, Куманово-73, Дебар-1, Штип-37, Прилеп-98, Тетово-72, Струга-17, Велес-55, Битола-51, Охрид-57, Кавадарци-40, Гостивар-84, Гевгелија-11, Струмица-30, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-8, Кочани-34, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-8, Виница-20, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-11, Кичево-10, Ресен-13 и Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти од: Скопје-398, Куманово-50, Дебар-8, Штип-21, Прилеп-28, Тетово-41, Струга-18, Велес-38, Битола-28, Охрид-44, Кавадарци-29, Гостивар-23, Гевгелија-12, Струмица-59, Крива Паланка-8, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-19, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-9, Виница-8, Делчево-17, Кратово-2, Свети Николе-15, Кичево-18, Ресен-4, Неготино-10.

Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55 г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74 г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85 г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера.