Извор на фотографија: Министерство за здравство

Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, при што регистрирани се 1.293 нови случаи на ковид-19, што е 31,6 отсто од тестовите. Оттаму рекоа дека државата се соочува со трет бран на заразата со вирусот од почетокот на пандемијата. Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека сега не е време за попуштање на рестриктивните мерки, односно дека ќе има дури и затегање на мерките ако овие не ги дадат очекуваните резултати.

Во изминатото деноноќие нови случаи се регистрирани во Скопје – 626, Прилеп – 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип – 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

Регистрирани се 339 оздравени пациенти од: Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово – по 1 лице.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.

Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на ковид-19.