fbpx

Нови 1.216 случаи на ковид-19 од 3.761 тестирања и 100 нови кревети за прием на ковид болни

-

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти од: Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

Министерството за здравство исто така информираше дека во склоп на Клиничкиот блок „Мајка Тереза“ во Скопје и во ГОБ „8 Септември“ се зголемија капацитетите за хоспитализација на пациенти со ковид-19.

„Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети. На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби. Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети. Во ГОБ 8 Септември ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти,“ се вели во сооопштението.

Во него се додава дека во ГОБ „8 Септември“ ќе се намали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни. Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број на болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптоварени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...