Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.824 тестирања, а регистрирани се 1.100 нови случаи на ковид-19. Од нив, во Скопје се регистрирани 439 нови случаи, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 585 оздравени пациенти од: Скопје-168, Куманово-37, Штип-37, Прилеп-47, Тетово-10, Струга-20, Велес-32, Битола-42, Охрид-41, Кавадарци-15, Гевгелија-8, Струмица-19, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-2, Берово-4, Виница-10, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-14, Кичево-21, Ресен-6 и Неготино-11.

Во изминативе 24 часа, од последиците на заразување со новио корона вирус, починале 30 лица. Од нив дури 12 се од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г) и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66.330, бројката на оздравени пациенти е 42.241, на починати е 1.877, а бројот на активни случаи изнесува 22.212.