Новата сезона во играта The First Descendant насловена „Breakthrough“ пристигнува на осми август

Со новата сезона доаѓа и cross-over со популарната игра „NieR: Automata“. Играта имаше добар старт, спаѓа во жанрот на „Co-op RPG Looter Shooter“ и ќе биде достапна на повеќе платформи меѓу кои и Steam, PS5 и XBOX Series S/X.

The First Descendant скриншот од Steam
Фото: The First Descendant скриншот од Steam

The First Descendant – играта од девелоперите NEXON која е многу наликува на популарната на Warframe, добива нова сезона на осми август. Оваа сезона доаѓа со нови карактеристики коишто повторно ќе ја вратат популарноста на оваа игра. Главната новост е што ќе има „рејдови“ со 8 луѓе, возила, мотори, нов херој и нови мапи кои ќе бидат простран терен за истражување.

Со новата сезона доаѓа и cross-over со популарната игра „NieR: Automata“. Играта имаше добар старт, спаѓа во жанрот на „Co-op RPG Looter Shooter“ и ќе биде достапна на повеќе платформи меѓу кои и Steam, PS5 и XBOX Series S/X. 

 

За The First Descendant имаме и два претходни подетални написи, ова се линковите до првиот и вториот напис за како се развиваше играта. А за Warframe имаме повеќе написи што може да ги прочитате овде.

Со претходен краток трејлер пред еден месец беа најавени долгоочекуваните мотори наречени Hoverbike, што лебдат во играта слични на возилата во „Star Wars“ филмовите, и како „скејтбордите“ и колите што лебдат во филмовите „Back to the Future“.

Областа каде што ќе се возат е Axion Plains, многу слично ажурирање како што беше новитетот „The Plains of Eidolon“ во Warframe од девелоперите Digital Extremes исто така пространа стаза каде има и употреба на секакви возила во играта.

Што се однесува до спојувањето (cross-over) со играта Nier Automata сè уште не се знае како тоа ќе изгледа но мора да се напомене дека Nier серијалот се поприлично добри и тешки игри, каде се менува преспективата од платформска до 3D игра со пукање и употреба на мечови.

Новите генерации ги плени овој серијал затоа што e во вид на аниме и ја разработува темата на кибернетиката од научната фантастика и прашањето во играта е „Дали роботите можат да бидат исти како луѓето“, односно „дали може да имаат чуство љубов”.

NieR: Automata изобилува и со сентиментална и добра музика, и се очекуваат оружјата и костимите од играта да бидат достапни и во The First Descendant: Breakthrough што ќе биде објавена на осми август оваа година. Во меѓувреме играта е активна и бесплатна на Steam.