Најновата сезона на Диабло 4 пристигнува на 1 јули и е наречена Sins of the Horadrim. Има интересна приказна, се очекуваат нови скинови, козметика, како и нови варијанти на гејмплеј механики.

Но во овој напис ќе се осврнеме и на други пропратни карактеристики, вести и новитети околу Диабло 4.

 

Последниот главен непријател наречен Астарот (Astaroth) јава куче со три глави, слично на двоглавото куче на богот на подземниот свет, куче што ги чува портите на Адот од старогрчка митологија, чудовиште за јавање што го има достапно и во WoW за сите што ја купиле најскапата едиција на базичната верзија Диабло 4 при нејзиното излегување.

Дворакиот меч што го нуди новата сезона за корисниците на платинум батлпас е сличен на Frostmourne мечот на Артас Менетил од WoW, но не толку добро направен- затоа што цел сет скинови токму од Лич Кинг се продаваше во кеш продавницата на Diablo 4 за класата Некромансер вкучувајќи го и скинот за мечот Фростмоурн (Frostmourne) во тој пакет козметика и скинови за време на кросоверот со скинови во Диабло 4 од World of Warcraft. Но сега да се дојде блиску до тој изглед мора од посебни скинови да се комбинира бленд од нешто што наликува на Лич Кинг -иако сетот повеќе не е достапен.   

Понова вест исто така е дека откако излезе Diablo 4 и на Steam помина некое време пред да се овозможи поврзување на акаунтот на Стим со акаунтот на Battle.net опција со која немора да ја купите пак Диабло 4 за да се игра на Стим. Што не е случај за други популарни игри- за кои Steam бара да купите сосема нова нивна верзија и да ја почнете играта од почеток. Како што е случајот со Guild Wars 1 која содржи една базична игра и три експанзии, а барање за повторно купување на четири изданија од оригинал игри само да може да се играат и на Steam е нефер однос кон гејмерите и гејмерките од страна на фирмата Valve.   

Но тука главниот проблем е што достигнувањата на Steam за Диабло 4 -односно ачивментите не се ретроактивни да се признаат автоматски и мора повторно да се тригираат во игра за да ги имате. На Steam за Диабло 4 има само 35 ачивменти, додека ачивментите во самата игра Диабло 4 се многу побројни и изгледаат вака:

Diablo 4 Demonslayer Achievements скриншот од лична архива на Иван Стојановски Diablo 4 Steam Achievements скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Исто така во моментов на Battle.net има летна распродажба со попусти до 67 отсто која трае до 30 јуни. 

Летна распродажба на игрите од Близард скриншот од Батлнет

Цената за првата експанзија Vessel of Hatred е намалена на 50 отсто за сите нејзини верзии односно стандарната верзија наместо 40 евра чини 20 евра, а базичната игра Diablo 4 наместо 50 евра чини 25 евра додека бандл од двете е 42 евра наместо 70 евра. Секако и другите игри од Близард имаат добри попусти што можете да ги проверите самите за поединечни игри од Близард што ве интересираат. А повеќе за играта Диабло 4 можете да дознаете од претходни наши написи тука

Ако имавте непознати термини во овој напис, ви препорачуваме да го прочитате нашиот Водич за RPG игри, каде е објаснета во детали гејмерската терминологија.