fbpx

Новата методологија донесе пад на цените на нафтените деривати за 0,97 проценти

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на денешната седницата прв пат користејќи нова методологија донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со која како што велат оттаму, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 проценти, во однос на важечките малопродажни цени.

Во највисоките малопродажни цени, содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот за данокот за додадена вредност, највисоките набавни цени, надоместокот за големопродажна маржа во износ од 1,20 денари/литар, односно килограм за мазутот.

Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа Одлука, содржан е надоместокот за највисока малопродажна маржа за „еуросупер БС-95“, „еуросупер БС-98“ и „еуродизел БС“ во износ од 4,60 денари/литар, односно во износ од 4,76 денари/литар за екстра-лесно масло, со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици во износ од 0,75 денари/литар за сите нафтени деривати, со исклучок за мазутот.

Исто така, во највисоките малопродажни цени содржан е надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина кој изнесува 0,080 денари за литар бензин, 0,030 денари за литар дизел, 0,040 денари за литар екстралесно масло (ЕЛ-1) и 0,050 денари за килограм мазут.

Во новата цена е содржан и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати и тоа 0,890 денари за литар бензин, 0,3 денари за литар дизел и екстра-лесно масло и 0,740 денари за килограм мазут.

Во малопродажните цени се содржани и акцизите кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот за акцизите и тоа 21,862 денари за литар „еуросупер БС-95“,  21,736 денари за литар „еуросупер БС-98“, 15,385 денари за литар „еуродизел БС“,  6,320 денари за литар екстра-лесно масло и 0,100 денари за килограм мазут.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,29 проценти, кај дизелот намалување во просек за околу 3,57 проценти, кај екстра-лесното масло намалување во просек за околу 3,07 проценти и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,23 проценти поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување“, информираат од РКЕ.

Оттаму додaваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период е за 0,51 проценти повисок, по кој и биле формирани цените.

Од РКЕ велат дека највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени со оваа нова Методологија се пониски од соодветните највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати утврдени со претходната Методологија, која беше составен дел на анексот Д од Купопродажниот договор за акции и за концесии за Рафинеријата за нафта ОКТА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...