fbpx

Новата амбасадорка на САД, Кејт Брнс, за разочараноста од Иванов и за 27 април

-

Новата амбасадорка на САД Кејт Мери Брнс (Kate Marie Byrnes) која е предлог на претседателот Доналд Трамп и која треба да ја потврди Сенатот, доаѓа од Атина каде што ја врши функцијата заменик амбасадор, а на претходната функција како претставник на САД во ОБСЕ во Виена веќе ги коментираше состојбите и настаните во земјава.

Во мај минатата година, како претставник на Мисијата на САД во ОБСЕ, Брнс рече дека САД го повикуваат надлежните во Македонија да преземат чекори за да ја осигурат безбедноста на сите членови на парламентот, да ги истражат нападите во Собранието од 27 април темелно и да ги повикаат на одговорност тие што ги извршиле, ги организирале и ги нарачале насилствата.

– САД силно ги осудуваат насилните напади на членови на македонскиот парламент, кои следеа по изборот на Талат Џафери за спикер на Собранието. САД ќе соработуваат со новиот спикер и со парламентот за поддршка на демократијата и за да ѝ помогнат на Македонија да се движи по европскиот пат. За насилството нема место во демократските процеси. Ги изразуваме нашите најдлабоки симпатии кон членовите на парламентот и кон другите повредени во нападите и на нивните семејства. Како стратешки партнер и пријател на Македонија, со целосна почит на нејзиниот суверенитет и унитарноста, САД ги повикуваат сите партии да го концентрираат интересот на Македонија и на нејзините граѓани, пред сè друго, да работат заедно конструктивно и целосно да ги имплементираат сите нивни заложби што произлегуваат од Договорот од Пржино. Ги повикуваме сите партии да ги решат разликите мирно и да ги почитуваат законите во Македонија и демократските процеси – рече Брнс во нејзиното обраќање.

Претходно, во март истата година, Брнс изјави дека САД се разочарани од одлуката на Иванов да го додели мандатот за формирање влада на парламентарното мнозинство.

– САД се разочарани што претседателот Иванов одби да им понуди можност да се формира новата влада на претставниците кои имаат јасно парламентарно мнозинство. Ние сметаме дека оваа одлука не е во согласност со заложбите на ОБСЕ, основните демократски принципи и владеењето на правото, што се основни вредности на оваа организација – рече Брнс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...