„Genshin Impact“ е статистички најдобрата светска видеоигра за деца од Кинеско производство што преставува и доста безбенда игра за деца, бидејќи повеќето содржини не се ни играат мрежно.
Најчесто децата кога ќе ги надминат „плједата на мини-игри“ во „Roblox“, како следна фаза почнуваат со играње на оваа игра, за која редовно известуваме при поголеми промени и имаме и претходни написи што може да ги прочитате овде. Играта е доста популарна поради тоа што емулира интерактивно аниме -јапонски анимиран филм и движењата се слеани како „да се игра внатре во цртан филм“.
Најновиот додаток на играта донесува цела снежна зона наречена „Снежнаја“ каде промовирањето на руската култура е вметнатно во главниот контекст со многу референци. Ажурирањето на играта е со наслов „Version 7.0 „Everwinter Without Mercy“ и сите што ја играат оваа игра со нетрпение го очекуваат да излезе на 12 август.
Но мора да се напомене дека не се работи само за генерична „снежна стаза“ како додаток во играта, туку во подножјето има и пеколен подземен свет низ кој ќе мора да се влезе и исто така и зона на Празнината каде дури и времето застанува и нема проток на енергии.
Филозофскиот дел од приказната е базиран на јурисдикцијата на повисоки битија наречени „Архонти“, но има секакви престави на фантазиски арбитери богови, полубогови и ентитети со архетипски прикази кои заземаат и човечки лик во аниме стил, додека во сржта на наративот овојпат е прашањето како да се зачува самата цивилизација од самоуништување одвнатре од луѓето кои се корумпираат поради моќ над други луѓе.
Вие и вашите херои и хероини во играта се борите на страната на доброто – иако се соочувате со доста дијалози и интриги ќе следуваат и многу борби, каде има нови ликови со кои ќе можете да играте како женскиот лик „Odette“ која е танчерка и стилот на борба и е играње со користење на меч- неспомнатата рефернца за класата ликот е „Руска Балерина“ а во руската традиција жените имаат и традиционални танци со вртење на меч.
Другиот од повпечатливите нови херои е ловецот „Аљоша“ -типично руско име, со којшто пукате со пушка во непријатели и додаден е начин да пукате не само од перспектива на трето лице со комбоа, туку и од прво лице со нишање од далеку.
Во најавата нaјновиот „пач“ со величина на нова експанзија за Геншин Импакт стои текстот, цитирам:
“Седмата нација на Тејват -Снежнаја ги отвора своите врати за вас. Качете се на возот и патувајте низ снежните предели каде сè е замрзнато, посведочете ја глетката на Аурората, истражете ги маркантните знаменитости и места како „Заливот Нортланд“ и „Базата на Фатуи“ и искусете ги романсите и тврдокорноста на народот на Снежнаја.“
Мора да се напомене дека оваа игра е имерсивна-односно доста повлекува на долго играње, но како „Родителска Грижа“ („Parental Advisory“) самата игра има опција да им се ограничи времето достапно за играње во текот на денот на децата од страна на родителите.- Како дополнителна мерка за заштита.
„Genshin Impact“ е сосема бесплатна игра што може да се игра и на компјутер и на мобилен телефон.
