fbpx

Нова „зелена“ на Божидар Димитров: Бугарија да го анектира Стумичко ако се распадне Македонија

-

Дежурниот критичар на случувањата во Македонија, бураскиот историчар и директор на Националниот историски музеј, Божидар Димитров, вели дека насилствата биле одамна очекувани.

– Она што се случува е украинско сценарио. Завчера реков дека најверојатно ќе има истрели во грб на протестите. Немаше таму, но имаше во Скопје. Изнајмени албански банди испровоцираа напад во Диво насеље, што е на патот за Софија – таму се собрале албанските бандити, 50-70 лица. Тројца убиени и повеќе од 20 тешко повредени. Протестите веќе ги зафатија деветте големи македонски градови, а Груевски сака да објави воена состојба, што е и целта на играта со бандите – изјави Димитров за бугарски „Блиц“.

Бугарскиот историчар ја критикува официјална Софија што навремено не реагира за случувањата во Македонија.

– Многу побрзо реагира за оддалечениот Киев, а не реагираме на една земја со која имаме заедничка граница и 120.000 луѓе со бугарско државјанство. Тоа не е убаво. Јас се прашувам дали нашите раководни органи имаат план и тоа во неколку варијанти. Ние не знаеме дали Албанците нема да тргнат да го присоединат Косово со Западна Македонија. Тоа ќе значи распаѓање на Македонија. Што прави нашата влада за оние од Струмичко кои изјавија дека сакаат да се вратат во Бугарија. Таму навистина луѓето зборуваат на речиси чист бугарски јазик. Ќе ги отфрлиме ли? Што правиме ако Македонија се распадне, без да сака да се приклучи во Бугарија? Што правиме при еден голем бегалски бран? – рече Божидар Димитров и праша дали официјална Софија чека однадвор да ѝ кажат како да реагира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...