Фодинацијата „Метаморфозис“ објави надградба на првата мобилна апликација против говорот на омраза „Не мрази“, чија намена е да ги донесе информациите од оваа област до корисниците на мобилните телефони.
„Апликацијата е изработена за поефикасно спротиставување на говорот на омраза преку споделување знаења. Таа на граѓаните им овозможува пристап до најновите вести од оваа област, образовни и стручни ресурси, меѓу кои е и библиотека со е-книги, интерактивни упатства за разните можности за пријавување на говорот на омраза, како и учество на настаните поврзани со борбата против говорот на омраза преку интегриран календар“, велат од Фодинацијата „Метаморфозис“.
Корисниците на „андроид“ можат бесплатно да ја преземат апликацијата преку „Гугл плеј“, а корисниците на „ајфон“ и на „ајпад“ преку „Еплс стор“.