Нова студија покажува дека еден од петнаесет Американци биле сведоци на масовно пукање

Студијата утврди дека околу 7% од возрасните во САД биле присутни на местото каде имало масовно пукање во текот на нивниот живот, а повеќе од 2% биле повредени за време во таков настан, според новиот извештај на Универзитетот во Колорадо Болдер

-

Еден од петнаесет Американци биле сведоци на масовно пукање некогаш и некаде во нивните животи, покажува нова студија, откривајќи ја длабочината и влијанието на епидемијата на вооружено насилство што ја зафати САД во последните децении, пренесува Гардијан.

Студијата утврди дека околу 7% од возрасните во САД биле присутни на местото каде имало масовно пукање во текот на нивниот живот, а повеќе од 2% биле повредени за време во таков настан, според новиот извештај на Универзитетот во Колорадо Болдер.

„Оваа студија потврдува дека масовните пукања не се изолирани трагедии, туку реалност што погодува значителен дел од населението, со длабоки физички и психолошки последици,“ изјави за Phys.org авторот, Дејвид Пируз, професор по социологија и криминолог на Институтот за бихејвиорални науки при Универзитетот во Колорадо Болдер.

Од 2014 година досега, низ целата земја се документирани речиси 5.000 масовни пукања, при што повеќе од 500 се случуваат годишно од 2020 година наваму, според Архивата за оружено насилство. Универзитетскиот тим го дефинирал поимот „масовно пукање“ како кривично дело поврзано со огнено оружје, во кое се застрелани четири или повеќе лица на јавно место.

Истражувачите од Универзитетот во Колорадо го дефинирале поимот „физички присутен“ како „да се биде во непосредна близина на местото каде што се случило пукањето во моментот на неговото случување, така што куршуми биле испукани во ваш правец, сте можеле да го видите напаѓачот или да го слушнете пукањето“.

На испитаниците им било поставено прашањето: „Дали лично некогаш сте биле физички присутни на местото на масовно пукање во текот на вашиот живот?“ Во анкетата, која опфатила 10.000 луѓе, нешто помалку од 7% одговориле потврдно, а 2,18% изјавиле дека биле повредени, што вклучува не само прострелни рани, туку и повреди од шрапнели, газење од луѓе кои бегале од местото на настанот или други повреди здобиени при обид за бегство.

„Нашите наоди ја истакнуваат значителната распространетост на масовните пукања во американското општество. Ова широко распространето изложување ја нагласува потребата од сеопфатни стратегии за јавно здравје, со цел да се справиме со широките и трајни последици од изложеноста на масовни пукања“, напишаа истражувачите во трудот.

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што следат во...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...
Galaxies Gaming Showcase Event скриншот од YouTube

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што...