Нова средба за Законот за ЈО за надминување на разликите помеѓу партиите

-

Работните групи на политичките партии денеска повторно ќе се сретнат за да се обидат да ги надминат разликите околу Законот за Јавно обвинителство.

Во саботата до 12 часот беше рокот партиите да достават амандмани, при што некои од пратенички групи доставиле, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со дијалогот „Жан Моне“. Заради доверба на процесот, од Министерството за правда рекоа дека нема да откриваат кои пратенички групи доставиле амандмани.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека Законот нема да се најде на собраниска седница се додека нема договор помеѓу партиите.

Приведен охриѓанец кој со остар предмет повредил три лица

Приведен е охриѓанец поради сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачки или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчеравечер после полноќ, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со...