Долго очекуваната документарна серија на Shane Dawson (Шејн Досон) заедно со Jeffree Star (Џефри Стар) е конечно тука. Шејн е еден од првите јутјубери на платформата, а моментално има 22 милиони претплатници. Содржината на неговите видеа еволуира низ годините. Долго време беше познат по неговите видеа за теории на заговор кои имаа милиони прегледи, но се чини дека Шејн е моментално на врвот на својата досегашна кариера благодарејќи на неговите долгометражни документарни серии со кои го раскажува животот на познати јутјубери.

Меѓу овие серии, беше серијата за животот на Џефри Стар која излезе минатото лето. Џефри се здобил со слава на социјалните медиуми уште во времето на MySpace, а подоцна започнува своја компанија за козметика со која станува мултимилионер. Дополнително Џефри на својот јутјуб канал има 16 милиони следбеници што го прави еден од јутјуберите со најмногу претплатници на платформата.

Џефри води луксузен живот, секогаш облечен во најнова марка, вози најнов луксузен автомобил и живее во куќа од соништата, што резултираше со огромна успешност на оваа серија бидејќи публиката беше многу љубопитна да ѕирне зад затворените врати. Серијата се содржеше од 5 дела, 5 јутјуб видеа со просечно 30 милиони прегледи.

Во текот на снимањето на оваа серија се родила идејата да направат нов продукт со компанијата на Џефри и да го документираат процесот, како се прави една колекција шминки, од идеја па се до продавница. Оваа серија е конечно тука.