Посредувачот за спорот околу името, Метју Нимиц, ги повикал преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, на нова рунда преговори идната среда, 12 ноември, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Како што исвести Ери Канено, портпарол на ОН, двете страни ја прифатиле поканата.