Филмот „Crouching Tiger, Hidden Dragon“ или како што се преведува „Притаен Тигар, Скриен Змеј“ e Кинески филм кој во 2000 година имаше огромен успех во САД и Канада со заработка од 128,5 милиони долари без дополнително рекламирање, исполнет со долови на медитативна филмографија и инвентивна кореграфија на кунг фу борби со ладни оружја.

Во овој напис го разгледуваме успехот на филмот, воедно и со ново толкување на приказната од самиот филм превземена од не толку познат кинески „Вуксија“, херојска азиска фантастика роман на западот. И воедно со кратка компарација со вториот дел, продолжение од пред 10 години што излезе релативно неодамна на Нетфликс.

 

Квалитетната актерска игра на глумиците Жанг Зихи и Мишел Јоу се во центарот на внимание во овој филм и приказната се фокусира повеќе на женските ликови, додека за актерот Чау Јунг Фат ова е филм што ја лансира неговата кариера и во западните филмови од кои најгледан потоа беше „Булетпруф Монк“.

Неверојатниот успех на филмот е што техниките со сајли и летање во воздух што кинематографијата ги употреби и во првиот ултра успешен филм Матрикс со Кијану Ривс, го погоди моментот во светската филмска индустрија каде филмот “Притаен Тигар Скриен Змеј“ стана светски хит.

Затоа што пред овој филм најгледани филмови од Кинеско производство беа филмовите на Брус Ли и Џеки Чен. Но ваква херојска епска фантастика со толкав квалитет во целост ја претстави кинеската традиционална култура во најкул светло низ целиот свет. И покрај тоа што актерите се изразуваат на кинески јазик, којшто е странски јазик за западната публика, но тоа беше во време кога целиот свет преку телевизија беше навикнат да чита титлови со превод и затоа рецепцијата на филмот беше уште поуспешна.  

Околу новото толкување на приказната, ова е мое лично сфаќање на филмот што првпат го изнесувам во овој напис. Во фокус на приказната е мечот „Зелената Судбина“ се работи за херојски прастар меч чијшто квалитет не опаднал и има мистична моќ да го појачува борецот којшто го користи. Но тажниот дел околу приказната е мојата теорија дека во мечот неслучајно има втиснато зелена материја во сечивото што на прв поглед изгледа на додаден зелен жад во ковањето, всушност тоа не е жад туку е неизлечив смртоносен отров.

Преспективата дека мечот „Зелената Судбина“ е отровен и секој што ќе го допре сечивото умира е предноста што ја дава во борба, но и несомнено кој и да го користи -го чека истата зелена „судбина“. Зелената боја секако асоцира на „Жад“ скапоцен материјал за орнаментика -што означува материјално богаство, а во македонската традиција имаме доста анегдоти и фрази како: „Парите се отепувачка“ и „Никогаш не посегнувај по скриеното ќупче злато и не го ни барај.“, затоа што големо богаство носи и повеќе ризици по животот и луѓето правеле и прават монструозни насилства за дојдат до голема материјална добивка.

Но мислењето дека е мечот отровен перфектно се вклопува во приказната низ филмот, оваа тајна ја знаат Шулиен и Ли Му Бае -но девојката протагонист е несвесна дека тоа е така и во мечот само гледа артефакт што ќе го појача нејзиното херојство во иднина. Исто така девојката и е потребна на лошата „Лисица од Жад“ -злобната старица врвен криминалец што токму со полесен отров го совладува Ли Му Бае, но бидејќи ако го користи таа мечот и следи смрт дека несомнено ќе се допре до сечивото колку и да внимава, а мечот има неизлечив отров, преку девојката си наоѓа жртва и ја тренира на тајни техники на валкана борба за таа да и биде ладно оружје за злобни цели во иднина макар и само привремено.

Додека таа како нејзина мајсторка ќе ја насочува и контролира. Но и последната сцена од филмот -каде девојката лебди надолу од планината до дното -и така ја гледа Шулиен со восхит, не е остварување на легендата каде херој го направил тоа пред тоа, туку е реминсцирање за смртта на девојката за која решава да замине на таков начин наместо мачна смрт од неизлечивиот отров од сечивото.

Неслучајно Ли Му Бае се обидува да ја оттргне од користење на мечот, не само дека го чува туку дека го има и користено и тој и Шулиен. Тајната ја знае уште еден лик во филмот а тоа е гувернерот на којшто му е доверен мечот на чување -затоа и кога го проверува -го потчукнува со ноктот да почне мечот да вибрира без да го допре со и до својата кожа. Премисата што често се сретнува во „Вуксија приказните“, херојот или хероината да се саможртвува за повисока цел и благосотојба на народот овде е персонифицирана во оваа перспектива. Да се биде одбран од Судбината значи и прерана смрт.

Ова е метафора и за сите борци во историјата кои умреле прерано и млади -вклучувајќи ги и партизаните и борците против нацизмот во Втората Светска војна дека е општопознато дека Кина тогаш била Комунистичка земја.Тажна премиса во поддконтекст, но тотално се вклопува во дејството на филмот. 

Вториот дел како продолжение на овој легендарен филм наречен Crouching Tiger Hidden Dragon: The Sword of Destiny како и сите продолженија и втори делови на филмови, (освен во случајот на Терминатор 2) е полоша набрзина склопена верзија наменета да искешира на стара слава. Ова е трејлерот од вториот дел излезен пред 10 години -којшто е уште актуелен на Нетфликс и за многумина ново пријатно откритие -дека направиле втор дел: 

 

Не е присутен медитативниот момент иако го подражава до основен степен и во фокусот на приказната е истиот меч „Зелената Судбина“ што исто како во првиот филм -носи смрт на главниот млад пар. Главните актери во филмот се Мишел Јоу и Дони Јен.(Актер кој што се проби со улогата на Ип Ман -филмот за учителот на Брус Ли и глуми Слепецот пријател во најновиот филм со Кијану Ривс во Џон Вик серијалот на филмови.).

Тоа што ликот на Шулиен е жив е дека дејството лоцирано пред дејството во првиот дел, но има и елементи на парадоксот на prequel-sequel истовремено. Испомешаноста е во вид на приказна за потекло и делумно делува како спиноф на главната приказна. Но и се поврзува со првиот дел чија приказна хронолошки доаѓа потоа, каде ликот Шулиен не сака повторно да види млад заљубен пар како гине заради мечот и самото тоа што ликот на Ли Му Бае го нема во филмот го потврдува сето ова.

Сепак мора да се признае дека и овој филм е доста квалитетен со имресивни борби и  многу повеќе хумористични сцени, но неможе да се мери со импактот на првиот дел -и културолошки и по заработка и популарност. Кога би ги споредувале првиот дел и вториот, несомнено е дека се работи за сосема друга димензија на филмско раскажување. Сепак првиот филм „Притаен Тигар Скриен Змеј“ e пример дека тоа што вреди само од себе ги пробива сите ѕидови и доаѓа до израз без разлика на културолошки различности затоа што ја пренесува егзотичноста на Кинеската традиционална култура и фасцинацијата на целиот свет со естетиката на боречките вештини и други азиски уметности инкорпорирани во самиот филм. 

По првиот филм -излегоа два марканти филма во Кинеско производство што вреди да се спомнат како препорака House of Flying Daggers каде глумицата Жанг Зихи е одлична овопат како љубовниот интерес на главниот протагонист. Ова е трејлерот за филмот: 

Исто така импактот на филмот „Херој“ со актерот Џет Ли -кој бил своевремен првак во „Ву Шу Кунг Фу“ во цела Кина, а и самиот филм ја носи пораката за соживот „Сите под исто небо“.

Сепак и покрај овие филмови -трендот да се протуркаат и самиот пат беше отворен токму од оригиналниот филм кој е главната тема на овој напис. Иако веќе има голем број вакви филмови секако во иднина се очекува и некој следен филм од овој тип да воодушеви со импресивна приказна, акција и актерска игра и барем приближен импакт ширум светот како што имаше и сеуште има кинеското ремек дело од филм Crouching Tiger Hidden Dragon.