fbpx

Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Ново Село

-

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велков, бидејќи се „послужил“ со службениот автомобил и по истекувањето на мандатот.

Велков, како што соопшти денеска МВР, се товари за две кривични дела „послужување во службата„ и „посебни случаи на фалсификување исправа“.

Според МВР, Велков на 18 октомври, истиот ден кога му било врачено уверението на новиот градоначалник на општината, Боро Стојчев, одбил да изврши примопредавање на службеното возило и изготвил налог за патување во Скопје, заедно со неговата сопруга, кое според полицијата, било за приватни потреби.

Екипа на струмичката полиција го запрела возилото кај бензинската пумпа на „Лукоил“, пред влезот на Струмица, во кое совозач била сопругата на Велков, која, како што стои во соопштението на МВР, неовластено снимала со мобилниот телефон.

Полицајците, по наредба на ОЈО Струмица, го одзеле службеното возило, како и телефонот на сопругата на Велков.

Инаку, ова е втора кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село. Кон крајот на септември за време на кампањата за локалните избори, против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба бидејќи на вработени од општината им одобрил да ги користат службените возила за разнесување на пропагадни материјали за изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...