Нова истрага против уште едно лице за пожарот во дискотеката „Пулс“

Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице

-

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје. Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице.

Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица.

Врз основа на судска наредба вчера беше извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот, при што беше одземена обемна документација поврзана со правното лице и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор.

Александар Нацев е новиот осомничен во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинителството го сомничи дека е „реален сопственик“ на фирмата која го обезбедувала објектот кобната вечер, а која дозволила внесување на приотехника од страна на членовите на музичката група „ДНК“. Нацев е родум од Пробиштип, каде вчера биле извршени претреси со судска наредба. Претресувани биле негови простории и во Скопје, а одземена е обемна документација поврзана со фирмата.

„Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

ИзворОЈО

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...